Денеска ќе се одржи итен разговор меѓу Париз, Лондон и Берлин за ситуацијата во Газа, каде што „страдањето и гладот се неоправдани“, објави денес британскиот премиер Кир Стармер.
„Утре (петок) ќе одржам итен повик со партнерите на E3 (Франција, Германија, Велика Британија) за време на кој ќе разговараме што можеме да направиме што е можно поитно за да ги запреме масакрите и да му ја обезбедиме на населението храната што очајно им е потребна“, истакна Стармер во соопштението.
Тој додаде дека идното примирје во Газа ќе ги постави темелите за признавање на палестинска држава.
Генералниот директор на Светската здравствена организација денеска изјави дека „голем дел од населението во Појасот Газа умира од глад“.
„Не знам како поинаку би можеле да го наречете освен дека луѓето масовно гладуваат и дека е вештачки предизвикано. Тоа е многу јасно и тоа е поради блокадата што ја воведе Израел“, изјави Тедрос Аданом Гебрејесус пред новинарите во Женева.
Преговорите за прекин на огнот во Газа сè уште не даваат резултати, а денес американските и израелските преговарачи се повлекоа, како реакција на одговорот на палестинскиот Хамас на нивниот предлог.