Трипуновски: Младите видоа дека и во земјоделство може да се заработува

Успеавме да го вратиме достоинството на земјоделците и да го вредуваме нивниот труд онака како што заслужуваа, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски по повод една година Влада. Според него, младите виделе дека и во земјоделството може да се заработува и да биде профитабилно. Поради тоа, како што рече Владата подготви и многу мерки кои се однесуваат на младите, меѓу кои и мерката од 10 илјади евра за млад земјоделец. Земјоделското земјиште сега се дава на земјоделци кои навистина сакаат да го обработуваат и да егзистираат од него и склучени се над 2 100 договори за површина од 5.942 хектари на територијата на државата. Од наредната година, како што рече ќе воведат и дополнителни стимулативни мерки за враќање на младите брачни парови во селата и започнување на сопствен бизнис

172

Младите го напуштија земјоделството поради тоа што рентабилноста изминативе години беше сведена на нула, односно земјоделците работеа со загуба. Поради тоа ја напуштаа државата или преминуваа во други гранки кои беа попрофитабилни, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Тој рече дека преку конкретни мерки за една година Владата успеала да ја врати довербата на земјоделците во институциите и да го вредува нивниот труд онака како што заслужуваат.

– За една година Влада реализиравме голем број проекти, решивме крупни проблеми, воспоставувме систем за соработка, изградивме партнерски однос со земјоделците и им ја вративме довербата кон институците. Неколку култури добија повисока откупна цена, а за одреден процен е зголемена и нивната производствена цена. На тој начин се зголеми добивката во делот на она што го имаат вложено како труд. Младите видоа дека и во земјоделството може да се заработува и да биде профитабилно, рече Трипуновски по повод една година Влада.

Тој додаде дека младите имаат предност и во доделување на земјоделско земјиште, а Владата подготви и многу мерки кои се однесуваат на младите, меѓу кои и мерката од 10 илјади евра за млад земјоделец. Земјоделското земјиште сега се дава на земјоделци кои навистина сакаат да го обработуваат и да егзистираат од него и склучени се над 2 100 договори за површина од 5.942 хектари на територијата на државата. Од наредната година, како што рече ќе воведат и дополнителни стимулативни мерки за враќање на младите брачни парови во селата и започнување на сопствен бизнис.

– Очекувам да го намалиме увозот на храна. Само од еден градинарски производ за една сезона сме оствариле девизен прилив од 30 милиони евра и плус сме ја задоволиле домашната потрошувачка. Статистиката вели дека во првиот квартал од 2025 година во однос на истиот период лани сме го зголемиле извозот за 5 отсто, односно за 11 милиони евра. Не може за една година да го вратиме она што 10 години било деградирано, појасни Трипуновски.

Тој рече дека наследиле хаотична состојба со неисплатени субвенции и плати, закочени проекти, катастрофални откупни цени, разочарани земјоделци, комплицирани процедури и бирокартија, целосно запуштени и руинирани водни канали. Досега, како што рече исплатени се над девет милијарди денари заостанати и тековни субвенции на над 70.000 земоделците на кои, посочи, им покажуваме дека имаат партнер во Владата и ќе можат да се подготват и да го планираат своето производство.

Потсети дека се донесени интервентни мерки за помош на земјоделците, дополнителни субвенции од пет денари по килограм за производителите на слива,  дополнителни три денари за предадена килограм пченица од кинатата реколта, за оризопроизводителоте дополнителни шест денари од ланската реколта, зголемување за 100 проценти на субвенциите за производителите на јачмен од постоечките шест илјади на 12 илјади денари субвенција по хектар.

Потенцирапе дека кај тутунот е постигната зголеман откупна цена од 375 на 400 денари, а на субвенцијата од 80 на 100 денари, со што се постигнала највисока цена во историјата на тутунопроизводството.

Се зголемиле, тврди Трипуновски, и површините со тутун. Ако во 2024 година имало 12.959 хектари сега има 14.375 засеани хектари со тутун,  а како што рече радува фактот дека после многу години има зголемување на површините со јачмен и пченица.

– Прват во историјата  е утврдена производна цена со што се постигна највисоки откупни цени за двете вински сорти на гризје од реколатата 2024 година Вранецот изнесуваше 20,8 денари за килограм,а  смедеревката 18,3 денари. Во завршна фаза е и утврдувањето на производната цената за 2025 годинаи вреувам дека лозарите ќе бидат уште позадоволни годинава, рече Трупуновски.

Повикувајќи се на податоци од Државниот завод за статистика наведе дека има раст и кај откупот и продажбата, како и извозот на земјоделските производи. Извезени се околу 13.000 тони јаболка во првите два месеца годинава, за 82 проценти повеќе од истиот период лани, а според Трипуновски имало одлична цена и за пласманот на пролетната зелка, од која за годинепната реколта се очекуваат 40.000 тони род.

(А.С.)

 

 

 

ИЗДВОЕНИ