Тринаесетметарска елка и огромно мече ќе го красат Градскиот плоштад   

1

Новогодишно мече од 16 квадратни метри и 13-метарска елка ќе бидат главните фигури кои ќе го красат Градскиот плоштад во пресрет на Новогодишните и Божикните празници. Град Скопје веќе ја распиша јавната набавка.

Според набавката, во централното подрачје ќе бидат поставени масивни светлосни инсталации, интерактивни 3Д-фигури и препознатливото „ѕвездено небо“, а украсувањето ќе се прошири и по главните градски сообраќајници.

На главниот плоштад е планирана новогодишна елка висока најмалку 13 метри, со метална конструкција, вештачко зеленило и светлечки украси со бели блицеви. Плоштадот ќе биде збогатен и со неколку големи празнични инсталации погодни за фотографирање, меѓу кои: 3Д-мече со димензии 4х4 метри, обложено со герланди и ЛЕД-осветлување, три светлечки подароци со висина до 4 метри, метална рамка во форма на Дедо Мраз висока пет метри, алуминиумски 3Д-ѕвезди високи 3 и 4 метри,  „ѕвездено небо“ од ЛЕД-мразулци, поставено на површина од најмалку 800 квадратни метри.

Украсувањето ќе опфати повеќе сообраќајници во централниот дел на градот. Планирани се светлосни фигури на бандери, висечки елементи и ЛЕД ефекти на улиците: „Даме Груев“ – 30 светлосни фигури, „Димитрија Чуповски“ – 20 фигури на бандери и 20 висечки елементи,  „11 Октомври“ – висечки елементи и 100 ЛЕД „snowfall“ капки, на булеварот „ВМРО“ – 24 фигури, на улицата „Филип Втори“ – 30 фигури и на булеварот „Гоце Делчев“ – 40 фигури. Воедно, на просторот пред Владата ќе има 40 фигури, додека на булеварот „Партизански одреди“ – 12 фигури.

 

 

 

ИЗДВОЕНИ