среда, февруари 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Тринаесетгодишно девојче претепано од татко ѝ и брат ѝ, со повреди заврши...

Тринаесетгодишно девојче претепано од татко ѝ и брат ѝ, со повреди заврши во болница

145

На 20.07.2025 година во 04.25 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишиле од слобода И.А.(46) и А.А.(21) од село радовишко, а по претходна пријава на лекар од Итна медицинска помош Радовиш дека кај нив за укажување на лекарска помош се јавила тринаесет годишна малолетничка од радовишко, која имала повреди на телото коишто по нејзино кажување и биле нанесени од нејзиниот татко И.А. и нејзиниот брат А.А.

За случајот е запознаен Јавен обвинител од ОЈО Струмица, по чии насоки се преземени мерки за расчистување на случајот.

Извршен е разговор со малолетничката од страна на вработен во Меѓуопштински центар за социјални работи Радовиш, и по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

ИЗДВОЕНИ