Милена Таскова од вчерашниот лет Скопје – Бари е тримилионитиот патник на Меѓународниот аеродром „Скопје“.
Раководството на аеродромскиот оператор, во присуство на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, приреди изненадување за тримилионитиот патник, кој доби бесплатни аеродромски услуги од сестринските компании на ТАВ и два бесплатни билети од „Визер“.
– Го достигнавме тримилионитиот патник во една година, патничка што првпат лета за Бари и им посакав среќа нејзе и на нејзиното семејство – изјави Неџат Курт, генерален директор на „ТАВ Македонија“.
Курт најави дека до крајот на годинава, скопскиот аеродром ќе има 3,2 милиони патници, а аеродромот во Охрид – 262 илјади патници.












