Тригодишно момче од Индија стана најмладиот шахист со официјален рејтинг на ФИДЕ

15
Фото: X Rakesh Kulkarni

Сарвагја Сингх Кушваха од Индија стана најмладиот шахист во историјата на шахот кој постигнал официјален рејтинг на ФИДЕ на возраст од три години, седум месеци и 20 дена, објави Танјуг.

Тој го надмина претходниот рекорд на својот сонародник Аниш Саркар, кој имаше три години, осум месеци и 19 дена кога ја достигна таа пресвртница во ноември минатата година, објави Гардијан.

Кушваха победи три шахисти со рејтинг на натпревари низ неговата матична држава и на други места во земјата за да го обезбеди својот статус на рекордер.

„Голема гордост и чест е за нас што нашиот син стана најмладиот шахист во светот кој постигнал ранг на ФИДЕ. Сакаме да стане велемајстор“, рече таткото на Кушваха, Сидарт Сингх.


Кушваха, кој оди во градинка во индиската држава Мадја Прадеш, има рејтинг од 1.572 за брзо шахирање. Рејтингот е резултат што ја мери силата на играчот врз основа на неговиот настап и не е исто што и рангирање.

Светскиот број 1, Магнус Карлсен, е најдобриот брзопотезен шахист со рејтинг од 2.824.

ИЗДВОЕНИ