ТРИЕСЕТИНА ЧАСА ПРЕД ИСТЕКОТ НА РОКОТ ЗА КАНДИДИРАЊЕ: Ниту еден кандидат сè уште не поднел кандидатури за градоначалник, нема ниту за советнички листи 

205

Триесетина часа пред истекот на рокот за пријавување на кандидати за градоначалници по општините и за листите на советници, до општинските изборни комисии во земјава сè уште не е доставена ниту една официјална кандидатура. Ова денеска за весникот ВЕЧЕР го изјави Адмир Шабани, портпарол на Државната изборна комисија.

– Според информациите што ги добивме од општинските изборни комисии, досега нема пријавено ниту еден кандидат ниту, пак, е доставена некоја листа на кандидати за општински советници. Очигледно, сите потенцијални учесници ќе го чекаат утрешниот ден кога на полноќ, на 13 септември, истекува официјалниот рок за поднесување кандидатури – информира Шабани.

Според него, ова нема да биде првпат општинските комисии да се соочуваат со ваквото тактизирање на учесниците на изборите.

– И порано сме имале такви ситуации кога учесниците го чекале последниот ден за пријавување. Ние ќе имаме капацитет да ги примиме сите барања – рече Шабани. (Б.Ѓ.)

 

ИЗДВОЕНИ