Триесет и четврто издание на меѓународниот хорски фестивал ТЕХО

16

 По 34. пат, во Тетово, викендов ќе се одржи меѓународниот хорски фестивал „Тетовски хорски одзиви – ТЕХО, на кој ќе настапат вкупно 16 хора од повеќе земји.

Првата фестивалска вечер, в петок, ќе се одржи во соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“, со почеток во 19:30 часот. Втората и третата вечер, хоровите ќе настапат во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово, со почеток во 19:30 часот.

– Во соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“ настапуваат црковниот хор „Пресвета Богородица“ од Скопје и хорот на храмот „Свети Сава“ од Белград. В сабота и недела ќе настапат седум хора, од кои два се гости од Албанија и од Бугарија. В недела, исто така, ќе настапат седум хора, од кои гости имаме од Косово. Прв пат оваа година, хорот „Менада“, како круна на последната фестивалска вечер, ќе настапи со популарни композиции во придружба на ансамблот „Ана Петан бенд“ – информираше на прес-конференција претседателот на фестивалот и диригент на хорот „Менада“, Ивица Зориќ.

ТЕХО се одржува веќе 53 години, а годинашниот фестивал има и цел да се одбележат јубилејните години на тројца македонски композитори.

ИЗДВОЕНИ