Триесет години добропознатиот, секогаш различен звук на „Фолтин“ го одбележа јубилејот во Филхармонија/ФОТО

1293
Фото:П.Стојановски

Вечерва во салата на Македонска Филхармонија македонската група „Фолтин “ го одбележа 30-годишниот јубилеј од своето постоење со концерт, во организација на МГ Мјузик Продукција.

На сцената публиката можеше да ужива во оживувањето на музичките креации на омилениот битолски бенд во изведба на кадифениот глас на Бранислав Николов (вокал), Пеце Николовски (кларинет, каос-пад, усна хармоника), Пеце Трајковски (електронски акордеон, електрична гитара), Гоце Јованоски (бас) и Славчо Јовев (тапани). Состав кој одново докажа дека „Фолтин“ е една од малкуте групи кај нас кои успеале да останат толку својствени, а истовремено постојано свежи. Музика, поезија, театар и сето тоа на една сцена, низ неповториви моменти кабаретска магија.

Фото:П.Стојановски

 

ИЗДВОЕНИ