вторник, февруари 17, 2026
Дома СКОПСКА Тридневен Божикен театарски фестивал

Тридневен Божикен театарски фестивал

149

Утревечер, во предвечерјето на Божикните празници, Општина Кисела Вода го отвора првиот Божикен театарски фестивал, тридневна културна програма што од 3 до 5 јануари 2026 година ќе се одржи во Домот на култура „Билјана Беличанец“.

Фестивалот е посветен на сценската уметност и обединува театарски и музички содржини наменети за различни генерации. Во програмата учествуваат театарски здруженија и уметници кои добија поддршка преку јавниот повик на Општина Кисела Вода за културни проекти од локално значење.

Фестивалот започнува на 3 јануари во 19:00 часот со настап на музичка група „Браќата“, по што следува театарската претстава „Во царството на другарството“ во изведба на Театар ХИТ. Автор и режисер е Сашо Ристовски, а настапуваат Магдалена Ризова-Черних, Сашо Ристовски и Ема Давчевска.

На 4 јануари, со почеток во 20:00 часот, ќе биде изведена претставата „За нас почнува живот“ на Театарското здружение „МАНА“, во режија на Дејан Пројковски, со Биљана Драгиќевиќ-Пројковска и Нино Леви.

Завршната вечер, на 5 јануари, е резервирана за две претстави.

Во 18:00 часот, Театарското здружение „Триангл“ ќе ја изведе претставата „Кралица Срце“, по сценарио и режија на Десанка Глигоријевиќ, со Марика Поповиќ, Андреј Наумов и Јане Дунимагловски. Во 19:30 часот следува претставата „Другарство“ на Театарското здружение „Дивизион Арт“, со Винета Дамчевска, Мики Анчевски и Марија Ѓорѓиовска.

Влезот за сите претстави е бесплатен, а бројот на места е ограничен. Потребна е претходна регистрација најдоцна до 3 јануари 2026 година, до 12:00 часот, на телефонските броеви:  Даниела – 075/380-928,  Верица – 071/804-474.

Општина Кисела Вода ги поканува сите граѓани да бидат дел од Божикниот театарски фестивал.

ИЗДВОЕНИ