Висок раст од 179,7% е забележан во реализацијата на капиталните инвестиции во првите два месеци од 2026 година. Според податоците за реализација на Буџетот заклучно со 27 февруари, во овој период се реализирани 8,1 милијарда денари, што е за 5,2 милијарди денари повеќе во споредба со истиот период минатата година.
Во Буџетот за 2026 година, капиталните расходи се планирани на 40,1 милијарда денари, кои се наменети за инфраструктурни и енергетски проекти, сообраќајни инвестиции, како и за комунална и локална инфраструктура со цел подобрување на условите за живот на граѓаните. Дополнително, од буџетот е предвиден износ од 2,1 милијарда денари за капитални проекти во општините.
Од планираните 40,1 милијарда денари, во првите два месеца се реализирани 8,1 милијарда денари, односно 20,12% од предвиденото, што ја покажува доследноста на реализацијата на Буџетот со планираните инвестиции.
Министерството за финансии потенцира дека овие резултати го потврдуваат континуираниот напредок во имплементацијата на капиталните проекти и стратешките инфраструктурни планови на државата.












