За време на воената парада во Пекинг, кинескиот претседател Шји Џинпинг се возеше низ плоштадот Тјенанмен во луксузна, црна лимузина „Хонгчи“ со отворен покрив вреден околу 600.000 евра – еден од најскапите автомобили во Кина.
Самиот автомобил, „hongqi l5“ или „црвено знаме“, како што се нарекува поинаку, е национална икона, симбол на Кинеската комунистичка партија, произведен во Кина и проткаен со политичка симболика, и со години е возило по избор на генерации кинески лидери.
Си-Ен-Ен оценува дека со својата преголема решетка и препознатлив украс на хаубата во облик на црвено знаме, автомобилот е дел од помпезноста и свеченоста на главните политички настани во Кина, од воени паради до дипломатски посети на високо ниво.
Индискиот премиер Нарендра Моди, исто така, го возеше „црвеното знаме“, за време на неговата дводневна посета на Кина по повод неодамна одржаниот самит на Шангајската организација за соработка (ШОС).
Истиот модел служи како државен автомобил на претседателот Шји, но е резервиран и за врвни кинески лидери и одбрани странски функционери. Лимузината „црвено знаме“ првпат дебитираше на парадата по повод Националниот ден на Кина во 1959 година.
Шји често ја користи лимузината „hongqi l5“ на јавни настани. Тој патува и во Hongqin 701, понова лимузина која често се споредува со американскиот претседателски автомобил познат како „Ѕвер“. Автомобилот тежи 3 тони и чини 600.000 евра.
Најинтересните карактеристики на лимузината „hongqi l5“:
автомобилот има повеќе од 400 коњски сили.
Може да достигне 100 километри на час за околу 8,5 секунди.
Максималната брзина што може да ја развие е 210 километри на час.
Лимузината е долга 5,5 метри и тежи повеќе од 3 тони.
Внатре има пространи седишта со кожен тапацир, дрвени украси и културни допири како инкрустации од жад. Задните седишта нудат функции за масажа, греење и вентилација, заедно со екрани за забава, пишува „NDTV“.
Безбедносните карактеристики вклучуваат погон на сите четири тркала, адаптивен темпомат, сензори за паркирање и камери од 360 степени. „Hongqi l5“ чини околу 5 милиони јуани или околу 600.000 евра, што го прави најскапиот сериски автомобил во Кина.