Три тима го сакаат Леброн пред да се пензионира

80
EPA/ALLISON DINNER SHUTTERSTOCK OUT

Доколку Леброн Џејмс стане слободен агент следното лето, познато е кои тимови би го ангажирале и би биле последната „постојка“ во неговата кариера.
Имаше многу шпекулации за неговиот следен потег во кариерата, со гласини дека би можел да побара размена или да се пензионира.

Леброн има договор со Лејкерси до крајот на следната сезона, а доколку сака да ја продолжи кариерата следната година, има многу потенцијални кандидати кои би го сакале во своите редови.

Се очекува Голден Стејт Вориорс, Кливленд Кавалирс и Далас Маверикс да го „бркаат“, објавува „Далас Хупс“.

Неговата следна станица веројатно би била последното поглавје во неговата НБА кариера, бидејќи отворено се запраша колку време му останува во лигата.
Минатата сезона, 40-годишниот Леброн одигра 70 натпревари, со просек од 24,4 поени, 7,8 скока и 8,2 асистенции по натпревар, докажувајќи дека сè уште има многу да понуди на теренот.

ИЗДВОЕНИ