вторник, октомври 20, 2026
Дома СПОРТ Три причини зошто мора Челзи да биде кандидат за титулата

Три причини зошто мора Челзи да биде кандидат за титулата

24
epa13311260 Chelsea Manager Xabi Alonso (L) celebrates the 0-2 goal scored by Pedro Neto of Chelsea during the English Premier League match between Everton and Chelsea, in Liverpool, Britain, 17 October 2026. EPA/ADAM VAUGHAN EDITORIAL USE ONLY. No use with unauthorized audio, video, data, fixture lists, club/league logos, 'live' services or NFTs. Online in-match use limited to 120 images, no video emulation. No use in betting, games or single club/league/player publications.

Навивачите на Челзи научија во последниве години да не се возбудуваат премногу рано поради големите најави. Бројните потписи, честите промени на тренерите и неконзистентните резултати го претворија секој почеток на сезоната во нова непозната.

Ситуацијата по завршеното лето изгледа поинаку. Челзи повторно беше многу активен на пазарот, но овој пат новите играчи не се само таленти што планира тој да ги развие, а подоцна и да ги продаде.

На „Стемфорд бриџ“ пристигнаа фудбалери што веднаш треба да го подигнат квалитетот на тимот. „Сините“ го доведоа и Чаби Алонсо, еден од најпочитуваните тренери од новата генерација, кому ќе му биде доверена задачата да го претвори талентираниот, но честопати разединет состав во сериозен тим.

Алонсо е првата голема причина зошто треба Челзи да биде конкурентен во трката за титулата и по седум одиграни кола, „сините“ се на четвртата позиција и имаат осум бода помалку од првопласираниот Манчестер сити. Шпанскиот стручњак доаѓа со јасна фудбалска идеја и авторитет, што му овозможува да бара од челниците на клубот играчи што се потребни за неговиот систем.

Во претходните сезони, Челзи се однесуваше како клуб во кој се вршат трансферите без доволно размислување за потребите на тренерот. На Алонсо треба да му се даде многу поголем глас во спортските одлуки и слобода да го обликува тимот според сопствените идеи.

Друга причина за оптимизам е променетата политика на трансфери. Лондонскиот клуб не се откажа од доведувањето млади играчи со голема пазарна вредност, што е потврдено од екстремно скапиот трансфер на Морган Роџерс, но овој пат се сврте и кон поискусни решенија.

Максенс Лакроа пристигна за да ја зајакне одбраната, а не како проект од кој се очекува да се заработат пари во иднина. Челзи имаше многу проблеми во задната линија минатата сезона, па доаѓањето на францускиот стопер би можело да ја донесе потребната стабилност.

Враќањето на Леви Колвил по долгата пауза поради повреда, исто така, треба да ѝ даде дополнителна сила на одбраната. Со Лакроа и со закрепнатиот Колвил, задната линија на „сините“ треба да изгледа многу побезбедно отколку во претходната сезона.

Сосема неочекуван потег е доаѓањето на Дени Велбек и на Џордан Хендерсон. Челзи не доведе многу ветерани во последниве години, но се вели дека му недостигаат на младиот состав искуство, лидерство и играчи што ги разбираат барањата на Премиер лигата.

Велбек покажа во Брајтон дека сè уште може да придонесе на највисоко ниво. Не мора да биде прв напаѓач на тимот, неговите мобилност, искуство и способност да игра различни улоги се важни за да биде сериозно засилување.

Влијанието на Хендерсон би можело да биде уште повидливо надвор од теренот. Поранешниот капитен на Ливерпул знае што е потребно за да се освои Премиер лигата, а Челзи често остава впечаток на тим на кој му недостига таква личност во соблекувалната, во последниве сезони.

„Сините“ веќе имаат една од најдобрите средни линии во Англија, а би можеле да станат уште посилни ако успеат да го доведе Мартин Зубименди. Неговото евентуално доаѓање би му дало на Алонсо дополнителна контрола врз играта и би овозможило подобар баланс помеѓу одбраната и нападот.

Третата причина зошто мора сериозно да се сфати Челзи е отсуството на европски натпревари. Додека нивните најголеми ривали ќе играат тешки натпревари во Лигата на шампионите, Лигата на Европа или во Коференциската лига во текот на есента, „сините“ ќе може целосно да им се посветат на своите домашни обврски.

Алонсо ќе има повеќе време за тренинг, тактичка подготовка и за закрепнување на играчите. Во сезона во која тесниот распоред може да има големи последици за другите фаворити, Челзи би можел да најде важна предност во свежината.

Освојувањето на титулата, сепак, би било огромен подвиг, особено по сите проблеми низ кои помина клубот. Сепак, Челзи веќе има искуство со неверојатното враќање од средината на табелата до самиот врв на англискиот фудбал, па такво сценарио не е сосема незамисливо.

Многу ќе зависи од брзината со која ги поврзува Алонсо новите и старите играчи. Доколку Челзи најде стабилност, ја подобри својата одбрана и го искористи фактот што нема европски обврски, сè што е помалку од сериозна борба за првите позиции би било разочарување.

„Сините“, можеби, сè уште не се прв фаворит за трофејот, но имаат доволно квалитет да бидат веднаш зад главните кандидати. Вистинскиот тренер, попаметниот тим и целосно слободните недели би можеле да го вратат Челзи таму каде што веруваат неговите навивачи дека припаѓаат.

ИЗДВОЕНИ