Жители од улицата „Миле Поп Јорданов“ во населбата Козле кај хотелот „Гранит“ до „Рес Хумана“ реагираат дека речиси три недели тече пивка вода низ улицата поради дефект. Револтирани од односот на екипите на ЈП „Водовод и канализација“,тие пишуваат на социјалните мрежи дека иако случајот бил пријавен пред три недели, дефектот сè уште не е отстранет, а пивката вода и натаму безпотреба се излева по улицата. –Пријавено е, има три недели како си тече водата, а надлежните мува не ги лази – нагласува еден од жителите.
Тие додаваат дека екипите од ЈП „Водовод и канализација“претходно дошле, фотографирале и им рекле дека наводно за вчера ќе дојдат и ќе го поправат дефектот, но не дошле. Од претпријатието се правдаат дека на дефектот требало да се работи вчера, но било одложено поради тоа што имало приоритет, отстранување на дефект на друга улица, без да прецизираат кој ден ќе интервенираат на дефектот
Жители од улицата „Миле Поп Јорданов“ во населбата Козле кај хотелот „Гранит“ до „Рес Хумана“ реагираат дека речиси три недели тече пивка вода низ улицата поради дефект. Револтирани од односот на екипите на ЈП „Водовод и канализација“, тие пишуваат на социјалните мрежи дека иако случајот бил пријавен пред три недели, дефектот сè уште не е отстранет, а пивката вода и натаму без потреба се излева по улицата.
–Пријавено е, има три недели како си тече водата, а надлежните мува не ги лази – нагласува еден од жителите.
Тие додаваат дека екипи од ЈП „Водовод и канализација“ претходно дошле, фотографирале и им рекле дека наводно за вчера ќе дојдат и ќе го поправат дефектот, но не дошле.
Од претпријатието потврдуваат дека се запознаени со посочениот дефект на улицата „Миле Поп Јорданов“.
Оттаму се правдаат дека на дефектот требало да се работи денеска, но било одложено поради тоа што имало приоритет, отстранување на дефект на друга улица, без да прецизираат кој ден ќе интервенираат на дефектот.
–Се работи во насока на санирање на дефектот во најкус можен рок – кусо наведоа од ЈП „Водовод и канализација“.
Освен овој проблем, жителите пак на населбата Дексион на територијата на општина Ѓорче Петров се револтирани дека во неделите редовно немаат вода.
-Токму кога треба да се искапеме, да пуштиме машина за перење, снемува вода во неделите. Не знаеме во што е проблемот. Купивме и пумпа за да немаме проблем со притисокот, но и тоа не помага. Викнавме мајстор да види да нема некој проблем со пумпата, но тој контатираше дека таа е во ред – изјави жителка на Дексион.
Во врска со оваа реакција на жители од Дексион, од ЈП „Водовод и канализација“ одговорија дека во нивниот систем нема евидентирано поплаки за таа локација. Претпоставуваат дека е можно да има намален притисок заради зголемена потрошувачка.
-Доколку е потребно, Дежурно-информативниот центар при ЈП Водовод и канализација- Скопје работи непрекинато 24/7, при што граѓаните можат да пријават проблем преку контакт центарот на телефонот: 02 3073 010 или e-mail адресата: [email protected] – потенцираат од претпријатието.
За, жал ова не се единствени примери кога граѓаните на Скопје реагираат дека на вработените од ЈП „Водовод и канализација“ им се потребни повеќе од две недели за да дојдат и да поправат одреден дефект иако пивка вода тече низ улиците, булеварите, паркинзите и тревните површини, што претставува загуба на пивката вода.
(А. П.)












