понеделник, јануари 26, 2026
Дома БАЛКАН Три лица загинаа во пожар во фабрика за бисквити во Грција: Се...

Три лица загинаа во пожар во фабрика за бисквити во Грција: Се слушнала голема експлозија, има и исчезнати лица

31

Три жени загинаа, а уште две лица се водат за исчезнати во пожарот што избувна утрово околу 4 часот во фабрика за бисквити „Виоланда“ во градот Трикала, во централна Грција. Според пожарникарите на терен 13 лица биле во фабриката кога избувнал пожарот, а осум од нив успеале да излезат од фабриката.

Во моментот на пожарот, 13 лица биле во фабриката, а осум успеале безбедно да се евакуираат.  Спасувачките екипи и понатаму трагаат по уште две вработени кои се водат како исчезнати.


Пожарот избувнал во раните утрински часови, а причината сè уште не е утврдена. Локалните медиуми јавуваат дека непосредно пред избувнувањето на пожарот, се слушнала силна експлозија.

На местото на настанот беа испратени околу 40 пожарникари со 13 противпожарни возила, кои сè уште работат на гаснење на пожарот и потрага по исчезнатите.

Министерот за здравство на Грција Адонис Георгиадис говорејќи за телевизијата „Скај“ рече дека во болницата во Трикала се пренесени шестмина вработени и еден пожарникар, сите се во добра состојба, генерално со проблеми со дишењето.

ИЗДВОЕНИ