Тројца загинати и двајца повредени е билансот од тешката сообраќајка несреќа која утрово се случи на експресниот пат Штип – Радовиш, кога комбе со работници излета од мостот „Балталиска река“ во близина на селото Лакавица, штипско. Возачот и уште едно машко лице со повреди се пренесени во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош. Увидот е во тек.
Товарното возило „Фиат Дукато“ изгубило контрола и излетало од мостот во провалија.
Возилото било сопственост на правно лице од Струмица, а било управувано од 35-годишниот М.Д. од Иловица. Според првичните информации, во него се превезувале работници од Бангладеш, ангажирани од струмичка фирма.