Три лица загинаа, вклучувајќи го и напаѓачот кој беше застрелан од полицијата, во напад во близина на синагога во Манчестер денес, соопшти градската полиција. Во соопштението се вели дека нема ризик за јавноста и дека може да се очекуваат тековни активности во врска со инцидентот додека истрагата продолжува, објави Гардијан.
Се забележува дека полицајците се распоредени на клучни локации во градот.
Полицијата ги повика жителите да ја избегнуваат областа во близина на синагогата.
Лондонската полиција распореди дополнителни полициски сили во близина на синагогите и другите места на еврејската заедница во градот денес, по нападот во синагогата во Манчестер.
Во видео што се појави на социјалните мрежи, на кое се гледа како полицијата ги оддалечува граѓаните од синагогата и осомничениот.
„Сите тргнете се од патот, ако немате никаква врска со ова, бегајте… Има бомба!“, може да се слушне како вика полицаец.
Градоначалникот Енди Бурнам рече дека станува збор за „сериозен инцидент“ и ги повика луѓето да ја избегнуваат областа, објави Индепендент.
„Можам да кажам дека непосредната опасност помина“, рече Бурнам, додавајќи дека инцидентот е ефикасно решен на местото на настанот.
Британскиот премиер Кир Стармер итно се враќа во земјата од Данска.
Кралот Чарлс, исто така, се огласи, велејќи дека тој и кралицата Камила се „длабоко шокирани и тажни“.
„Особено на толку значаен ден за еврејската заедница. Нашите мисли и молитви се со сите погодени од овој ужасен инцидент и многу го цениме брзиот одговор на службите за итни случаи“, се вели во соопштението.
Инцидентот се случил за време на прославата на Јом Кипур – најсветиот ден во еврејскиот верски календар кога голем број Евреи ги посетуваат синагогите.