Во текот на изминатото деноноќие, полицијата регистрираше три тешки сообраќајни несреќи во различни делови на државата, при што три лица се здобиле со тешки телесни повреди, информираат од МВР.
На 01.02.2026 во 04:28 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул. „Партизанска” во Битола, патничко возило ,,мерцедес“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(44) од Скопје, излетало од коловозот и удрило во дрво. Б.К. бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.
На 31.01.2026 во 11:10 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на патот Прилеп- Битола во близина на с.Галичани, прилепско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј.(31) од Битола, патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(38) од с.Горно Оризари, битолско, патничко возило „рено“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Л.М.(18) од с.Крклино, битолско и патничко возило „фиат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.И.(40) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ј.Ј., констатирани во Градската општа болница Прилеп. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.
На 31.01.2026 во 14:30 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека на регионалниот пат Р 2431 од планината Плачковица кон Радовиш, запрежно возило натоварено со бесправно исечени огревни дрва, излетало надвор од патот. При тоа, со тешки телесни повреди се здобил Џ.Б.(23) од Радовиш, а повредите биле констатирани во Медицински центар Штип. Увид на местото е извршен од екипа на ОВР Радовиш. А.Б. (45) и К.Б., кои исто така се превезувале на запрежното возило, со возилото го напуштиле местото на настанот, но по преземени мерки од страна на полициски службеници, возилото и дрвата се пронајдени и предадени на Шумска полиција Радовиш.












