Според соопштението на локалните власти, тројца градежни работници се повредени, а пожарникарите трагаат по уште четворица исчезнати во зградата, која делумно се урна за време на реновирањето. Потрагата по исчезнатите е во тек, објави „Бета“.
Службите за итни случаи соопштија дека еден повреден работник е во болница со скршена нога.
Полицијата е исто така на местото на настанот.
Противпожарната служба соопшти дека „неколку ката“ од зградата се урнале.
Во видео објавено од службите за итни случаи на социјалните мрежи, фасадата на зградата е покриена со церада, која најчесто ја користат градежните екипи при реновирање на стари згради.
🔴 ÚLTIMA HORA
Se derrumban varios forjados de un edificio en obras en la calle Hileras de Madrid, en la zona de Ópera. Hay 11 dotaciones de Bomberos Madrid trabajando allí tras el derrumbepic.twitter.com/sEiIrotFc4
— RTVE Noticias (@rtvenoticias) October 7, 2025