Три лица загинаа во несреќа со жичарница на планината Елбрус во руската република Кабардино-Балкарија, соопштија регионалните власти.
„Според прелиминарните податоци, третата жртва е жител на Москва, роден во 1967 година“, изјави за РИА Новости извор од органите за спроведување на законот во Кабардино-Балкарија.
Порано денес, шефот на Кабардино-Балкарија, Казбек Коков, изјави дека две лица загинале во несреќа на едносед на планината Елбрус, управувана од приватна компанија, попладнево.
Тој ја наведе прелиминарната причина за несреќата како кабел што паднал од макара на еден од потпирачите на жичарницата.
Извор од органите за спроведување на законот за „РИА Новости“ изјави дека, според прелиминарните податоци, во несреќата загинале постар жител на Кабардино-Балкарија и жена (35) од Дагестан.
Во моментот на несреќата на жичарницата имало вкупно 37 лица, од кои 35 биле евакуирани, соопшти Главната дирекција на руското Министерство за вонредни ситуации за Кабардино-Балкарија, пренесува „Танјуг“.