Три лица настрадаа откако торнадо помина низ гратче во Севрна Дакота – бура остави пустош на Средниот Запад

37

Торнадо што помина низ рурален град во Северна Дакота остави три жртви, а сложен систем на бури што зафати делови од американскиот Среден Запад предизвика пустош во делови од таа американска држава, како и во Минесота и Висконсин, објавува денес АП.

Шерифот на округот Кас, Џеси Џенер, на прес-конференција изјави дека двајца мажи и една жена загинале во торнадо синоќа, на две одделни локации во близина на градот Ендерлин, Северна Дакота, пренсе „Танјуг“.

Околу 24.000 клиенти во Северна Дакота останале без струја поради бурата. Силни ветрови ги погодиле и локалните области на Минесота, а според соопштението од Националната метеоролошка служба, налетите на ветер до 171 километар на час биле регистрирани на регионалниот аеродром Бемиџи во Минесота во текот на ноќта.

Градоначалникот на Бемиџи, Хорхе Принс, во објава на Фејсбук изјави дека бурата соборила дрвја и сериозно оштетила неколку домови, и дека се во тек напори за поправка на паднатите далноводи и неколку протекувања на гасоводи. Агенцијата за управување со вонредни состојби на округот Белтрами соопшти дека штетата во областа Бемиџи е „огромна“, а многу бизниси во областа објавија на социјалните мрежи дека се без струја.

Речиси 34.000 клиенти во Минесота останаа без струја по бурата. Во исто време, речиси 59 милиони Американци денес се под предупредување за екстремна топлина, а делови од Небраска, Дакотите, Минесота и Ајова се соочуваат со температури над 90 степени Фаренхајт (37 степени Целзиусови).

Центри за ладење се отворени во градови, вклучувајќи ги Омаха, Небраска и Минеаполис, Минесота, поради предупредувањата за екстремна топлина.

ИЗДВОЕНИ