Три лица настрадаа, четири се повредени, а ветерот собори повеќе од 240 дрвја во бурата што погоди неколку делови од Романија и предизвика големи последици низ целата земја и во Букурешт, главниот град, објави денес Генералниот инспекторат за вонредни ситуации (IGSU), пренесува „Танјуг“.
Според Романскиот генерален инспекторат за вонредни ситуации (IGSU), 73 возила се оштетени како резултат на бурата, додека ветерот оштетил покриви на 11 згради, од кои делови од конструкцијата морале да се отстранат.
Во градот Лучени, во округот Аргеш, се урна покривот на една зграда, при што загина едно лице, а две се повредени, јавува романската Libertatea.
За да ги предупреди граѓаните, системот RO-Alert емитувал 19 пораки во 14 окрузи и во Букурешт.