сабота, февруари 14, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Три лица ги загубија животите во сообраќајна несреќа на автопатот од Тетово...

Три лица ги загубија животите во сообраќајна несреќа на автопатот од Тетово кон Скопје

198

Три лица ги загубија животите околу 16 часот на автопатот од Тетово кон Скопје. Според првичните информации на СВР Тетово, имало судир помеѓу возило „опел“ со тетовски регистарски таблички и автобус.

-Две лица, маж и жена, починаа на местото на настанот, додека една жена починала во Клиничката болница во Тетово, каде што исто така е однесено и повредено дете за да му се пружи лекарска помош, се вели во првичната информација од СВР Тетово.

Јавен обвинител, противпожарни екипи и полиција се на местото на настанот за спроведување на увидот. Од СВР Тетово најавија подетални информации откако ќе биде документиран случајот

ИЗДВОЕНИ