Три играчи ја напуштаат Барселона, а едно име е големо изненадување

1052
epa11605965 FC Barcelona's Lamine Yamal (C) celebrates with teammates Robert Lewandowski (L) and Raphinha (R) after scoring the 0-2 goal during the Spanish LaLiga soccer match between Girona FC and FC Barcelona, in Girona, Spain, 15 September 2024. EPA-EFE/DAVID BORRAT

Барселона имаше импресивна сезона под водство на тренерскиот штаб на германскиот стручњак Ханси Флик.

Во својата дебитантска сезона на клупата на Барса, Флик освои три трофеи – Суперкупот на Шпанија, Купот на Кралот и Ла Лига, а неуспех имаше само во Лигата на шампионите, каде што беа елиминирани од Интер во полуфиналето.

Амбициите на каталонскиот клуб отсекогаш биле високи, па затоа „блауграна“ ќе се обиде да го подигне нивото на своите игри уште повеќе во новата клупска сезона.

Трансферот на Нико Вилијамс во Барселона се споменува веќе долго време и речиси е сигурно дека тој ќе го носи дресот на каталонскиот гигант следната сезона.

Обештетувањето кое Барса ќе треба да му ја плати на Атлетик од Билбао за воопшто нема да биде скромно, па неколку играчи ќе мора да го напуштат каталонскиот клуб.

Шпанскиот весник „Марка“ објави список од три играчи кои речиси сигурно ќе ја напуштат Барселона ова лето, а едно име особено ќе изненади многумина.

Прв на листата е младиот Пабло Торе, кој несомнено е голем талент, но поради недостаток на минутажа ќе мора да си побара нова средина.

Второ име на оваа листа е искусниот Ориол Ромеу кој ја помина претходната сезона на позајмица во Џирона, а сега му е кажано дека може да си ги спакува куферите.

Последно име и најголемо изненадување е тоа на Андреас Кристенсен, кој во блиското минато беше еден од најдоверливите дефанзивци на Барселона.

Сепак, веројатно поради бројните повреди што го придружуваа во текот на целата минатата сезона, Барселона одлучи да профитира на Данецот.

 

ИЗДВОЕНИ