Три хороскопски знаци никогаш не признаваат грешка – дали сте еден од нив или еден од оние што мораат да ги трпат?

70

Некои луѓе веднаш признаваат грешка, без драма. Други ја завиткуваат во филозофија, па на крајот не знаете дали е ваша или нивна вина. А потоа тука се и третите – хороскопски знаци кои не признаваат грешка дури и кога ќе ги фатите на дело.

Ако некогаш сте се обиделе да му објасните на некого дека направил грешка, а тој ве гледа како да сте го навредиле до срж – можно е да сте имале работа со еден од следниве знаци.

Лав – его поголемо од универзумот

Лавот не греши. Лавот е „погрешно разбран“. Ако му кажете дека претерано реагирал, ќе ви објасни дека сте премногу чувствителни. Неговото его нема да му дозволи да се покае – бидејќи тоа би значело дека не е совршен. А Лав мора да биде совршен.

Во расправија со Лав, често се чувствувате како да се качите за неговото внимание. Тој нема да признае грешка бидејќи тоа би значело дека ја губи контролата врз наративот.

Јарец – грешката е слабост, а слабоста не се гледа

Јарецот ја гледа грешката како пукнатина во системот. И системот мора да функционира. Ако му посочите грешка, тој ќе ја рационализира, ќе ја префрли одговорноста или едноставно ќе ја игнорира.

За Јарецот, признавањето на грешка е како да го соблечете панцирот. И тој не го соблекува својот панцир – дури ни кога спие.

Скорпија – грешката е оружје што ќе го употребите против него

Скорпијата не признава грешка затоа што не верува дека имате добри намери. Ако му кажете дека направил грешка, тој го гледа тоа како напад. А кога се чувствува нападнат – овој знак возвраќа.

Неговата логика е: „Ако признаам, ти давам моќ“. Затоа тој ќе претпочита да молчи, да манипулира, па дури и да ја сврти приказната против вас.

ИЗДВОЕНИ