Три градинки и едно училиште казнети поради несоодветно чување на храната

61

По спроведени инспекциски контроли во училишните и кујните во градинките на територијата на целата држава, три градинки и едно училиште добиле парични казни. За утврдените недоследности, издадени се девет решенија со наредби за нивно отстранување.

Според објавените информации, контролирани биле кујните на 91 градинка и 23 училишта при што утврдено било дека кај 9 градинки хигиената не била на задоволително ниво а во една од нив персоналот немал соодветен лекарски преглед.

Кај училиштата, проблеми, главно со хигиената биле констатирани во 5 кујни при што едно училиште било казнето а донесени биле и 5 решенија за отстранување на проблемите.

Како што информираат од Агенцијата, во овие инспекциски контроли биле уништени 24 килограми небезбедна храна во градинките и уште 59 килограми во училиштата

ИЗДВОЕНИ