Три европски гиганти во трка за талентираниот Бразилец

379
epa10334888 Casemiro (2-L) of Brazil celebrates with teammates after winning the FIFA World Cup 2022 group G soccer match between Brazil and Switzerland at Stadium 947 in Doha, Qatar, 28 November 2022. EPA-EFE/Neil Hall

Летниот преоден рок веќе започна, а вистинска „бомба“ доаѓа од италијанската Серија А. Позицијата на вистинската „шестка“ е една од најпотценетите, но и најдефицитарните позиции во модерниот фудбал.

Секој сериозен фудбалски тим знае колку е важен тој вистински „фитил“ во средниот ред, а неговото отсуство најмногу го почувствува Манчестер Сити.

„Граѓаните“ изгледаа како сосема поинаков тим во отсуство на Родри, кој ја пропушти минатата сезона поради сериозна повреда.

Еден од играчите кои играат одлично на оваа позиција е Едерсон, кој моментално го носи дресот на Аталанта. Бразилецот минатата сезона се истакна во Серија А и со своите настапи го привлече вниманието на големите европски клубови.

Веќе со денови многу се зборува за тоа каде 26-годишникот ќе ја продолжи кариерата, и сигурно е дека нема да остане во редовите на Аталанта уште долго.

Сепак, во игра е и опцијата тој да остане во италијанската Серија А, бидејќи гиганти како Интер и Јувентус се заинтересирани за неговите услуги.

Покрај овие два калчо гиганти, заинтересиран е и англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед.

Според бразилскиот „Гол“, овие три клуба се во трка за Едерсон, кој веќе три сезони престојува на Апенинскиот полуостров.

Цената што Аталанта ќе ја бара за Бразилецот е 60 милиони евра, а играчот од средниот ред ќе биде во „слатка агонија“ кога ќе одлучи каде да ја продолжи кариерата.

ИЗДВОЕНИ