Три деца се повредени во напад со беспилотни летала на Израелските одбранбени сили денеска во градот Газа.
Нападот се случил за време на свадба во Шеиџаија, област на источната страна на градот Газа, пренесе „Тајмс оф Израел“, повикувајќи се на извештаите на локалните медиуми.
Како што се наведува, тој дел од градот се наоѓа веднаш покрај деамркаиската „жолта линија“ која жителите на Газа не смеат да ја поминуваат, пренесува „Танјуг“.
ИДФ изјавија за „Тајмс оф Израел“ дека не се запознаени со овој инцидент.