среда, октомври 7, 2026
Дома МАГАЗИН Три часа хитови и емоции: Владо Георгиев ја освои преполната Хераклеја/ФОТО/ВИДЕО

Три часа хитови и емоции: Владо Георгиев ја освои преполната Хераклеја/ФОТО/ВИДЕО

739

Владо Георгиев вечерва конечно настапи пред битолската публика, а античка Хераклеја е исполнета до последно место. Концертот, кој беше одложен еднаш, се одржува како негов единствен настап ова лето во Македонија.

Вечерта започна со песната „Реци да или не“, со која Георгиев веднаш ја крена атмосферата и ја воведе публиката во повеќечасовното музичко патување низ неговите најголеми хитови.

Пред почетокот на концертот, Георгиев се пошегува со публиката, потсетувајќи на интересот што секогаш го следи неговите настапи:

„Напијте се нешто. Би можеле и ние, ама глупаво е, секогаш завршуваме во медиумите“, рече Георгиев, што предизвика смеа и аплауз од присутните. (коментарот доаѓа, откако по концертот во Канли кула во Херцег Нови, блогерка напишала дека Георгиев на настапот таму испил 15 пива)

Во преполната Хераклеја одекнаа неговите безвременски песни „Анџеле“, „Једина“, „Све си ми ти“, „Збогом љубави“, „Искрено“, „Жена без имена“ и бројни други хитови.

По двата вирални концерти на Канли Кула во Херцег Нови, каде што на сцената му се придружи и светската тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќ, Георгиев вечерва ја пренесува својата препознатлива боемска атмосфера и во Битола.

Публиката во Хераклеја ја очекува повеќе од три часа музика, романтика и песни кои со години ја освојуваат публиката низ целиот регион.

ИЗДВОЕНИ