вторник, февруари 17, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Три 10-ки и една 9-ка од Советот за кандидатите за јавен обвинител

Три 10-ки и една 9-ка од Советот за кандидатите за јавен обвинител

Тополова-Исајловска, Ристоска, Раичевиќ и Савески остануваат во трката, Панчевски дискфалификуван

911

Три обвинителки и еден судија се во трката за нов државен јавен обвинител, откако Советот на јавни обвинители на седница даде позитивно мислење за четворицата кандидати, Анита Тополова-Исајловска, Ленче Ристоска, Лидија Раичевиќ и Ненад Савески, а од изборот го дисквалификуваше поранешниот кривичен судија Владимир Панчевски и неговата кандидатура не ја стави на гласање и не даде мислење. Советот утврди дека тој ги има потребните години на стаж, но тој не е непрекинат.

– Согласно законските одредби, кандидатот треба да има најмалку 10 години непрекинат работен стаж од областа на кривичното право. Во конкретниот случај, на кандидатот му престанала функцијата пред 13 години и во меѓувреме не бил ниту судија, ниту јавен обвинител. Оттука, тој стаж не може да се смета за непрекинат стаж од областа на кривичното право во смисла на законот – рече членот на Советот Маријана Илиеска.

Кандидатката Анита Тополова Исајловска, која моментно е в.д државен јавен обвинител, доби позитивно мислење од Советот. Членовите посочија дека се работи за обвинител со долгогодишно искуство, дека поседува углед, морални вредности и менаџерски квалитети. Сите 10 членови гласа таа да добие позитивно мислење. За обвинителката Лидија Раичевиќ членовите на Советот, исто така, посочија дека е обвинител со интегритет и долгогодишно искуство и оти работела на многу тешки предмети. И Раичевиќ доби позитивно мислење, за неа единствено членката Кети Петкова се изјасни негативно. Едногласна поддршка доби и обвинителката Ленче Ристовска, за која 10 членови на Советот гласаа „за“, односно дадоа позитивно мислење. Позитивна оценка од сите 10 членови доби и судијата од Кривичен суд Скопје, Ненад Савевски.

Изборот на државен обвинител следува по оставката на обвинителот Љупчо Коцевски. Кандидатурите со позитивни мислење ќе бидат доставени до Владата каде треба да се избере еден од четворицата кој треба да ја добие подршката од мнозинството во Собранието.

 

ИЗДВОЕНИ