среда, јануари 28, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Тргнува првиот воз од Скопје за Куманово

Тргнува првиот воз од Скопје за Куманово

124

Тргнува првиот воз од Скопје за Куманово. Ќе се патува 41 минута, а возот ќе сообраќа двапати дневно. Во одредени делови од денот, возот ќе сообраќа и до Бељаковце, а кога ќе биде завршена пругата, и до Крива Паланка.

– Во 16:30 часот ќе тргне првиот воз од Скопје за Куманово. Возот ќе сообраќа двапати дневно, наутро во 6:30 ќе тргнува од Куманово, а во 16:30 ќе се враќа назад и обратно. Ќе има четири возови дневно кои ќе оперираат за 41 минута што е навистина брзо – изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски по денешната посета на „Железници Транспорт”.

ИЗДВОЕНИ