среда, септември 2, 2026
Дома СКОПСКА Тргна градскиот воз на линијата Зелениково – Железничка станица/ФОТОГАЛЕРИЈА

Тргна градскиот воз на линијата Зелениково – Железничка станица/ФОТОГАЛЕРИЈА

1

Градскиот воз кој почна да сообраќа од вчера, денеска направи нова тура превезувајќи го премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт, Александар Николоски, неговата заменичка Калтрина Зеколи, директорите на двете железнички претпријатија, скопскиот градоначалник, како и многу други гости, вклучително и новинари, камермани и фоторепортери.

Оваа линија е првата од трите предвидени линии и тргнува од Зелениково преку Ново Зелениково – Орешани – Јане Сандански – Драчево – Лисиче се до Нова железничка станица Скопје, и назад.

Македонски железници – Инфраструктура за потребите на проектот „Градски воз” изврши целосна реконструкција на пругата за да го подигне нивото и капацитетот на брзина на оваа релација.

Сообраќајот на линијата Зелениково-Нова железничка станица Скопје ќе се реализира со три возови според точно утврден ред од МЖ – Транспорт.

Проектот „Градски воз” е идеја на оваа Влада со цел граѓаните на Скопје како од приградските места, така и од централниот дел да добијат побрз, поефикасен и подостапен јавен градски превоз.

Целта е периферните делови на Скопје да се поврзат со централното подрачје на Градот, што ќе значи поевтино патување, пократко патување, помалку чекање и побрз јавен транспорт.

ФОТО: Петр Стојановски

 

ИЗДВОЕНИ