Бактеријата легионела е откриена во градинка во Загреб. Сњежана Лозанчиќ, директорка на градинката, ги информираше родителите дека присуството на бактеријата легионела е откриено во системот за топла вода.
Бактеријата е откриена за време на редовен тест за квалитет на водата, а објектот е затворен од 18 декември за да се спроведат мерки за санација и повторно да се тестира системот. Децата се префрлени во друг објект, објави „Јутарњи лист“.












