Тревникот кај „Капитол мол“ им се враќа на граѓаните/ФОТО

28

Општина Аеродром информира дека тревната површина до ТЦ „Капитол мол“ повторно ќе биде целосно отворена и вратена на користење на сите граѓани.

Утринава започна отстранувањето на објектот кој со години беше поставен на тревникот покрај булеварот „Јане Сандански“. Овој објект функционираше врз основа на Решение за поставување урбана опрема, издадено пред десетина години од Град Скопје, но чија важност е истечена. На тоа место, неколку години фукционираше пицерија и игротека „Дежа ву“. Бидејќи објектот нема важечко одобрение, тој ќе биде целосно демонтиран и просторот конечно ќе се ослободи за користење. По отстранувањето, Општината ќе пристапи кон уредување на локацијата со современа урбана опрема, зелени површини и ново, модерно детско катче. Со овој чекор, тревникот повторно ќе стане пријатно, безбедно и заедничко место за рекреација, игра и дружење – токму онака како што заслужуваат жителите на Аеродром. Спроти неа, од другата страна на булеварот, сѐ уште стои распаднатиот објект на она што некогаш беше „Мекдоналдс“. Општината и за овој објект треба да донесе слично решение, а низ општината има десетици вакви времени објекти и во близина на учлилишта и градинки. Дел од нив работат, а дел се одамна затворени. Поставивме прашања до општината. Штом добиеме одговор ќе го објавиме, соопшти градоначалникот на Аеродром Дејан Митески.

ИЗДВОЕНИ