Трета изложба на класични возила на градскиот плоштад

97

На градскиот плоштад во Куманово се одржа третата изложба на олдтајмери во организација на Здружение „Олдтајмер витези”, во соработка со Фондација за култура и спорт, со поддршка на Општина Куманово.

Изложени беа 100 возила, а учесниците се од повеќе градови од Македонија, Србија, Хрватска и Република Српска – Босна и Херцеговина.

Исто така, по повод празникот „11 Октомври“, на атлетскиот полигон кај ОСТУ „Наце Буѓони” – Куманово, по 13. пат се одржа традиционалниот атлетски митинг.

Спортскиот настан е организиран од страна на Општински сојуз на спортови и Атлетскиот клуб – Куманово, со поддршка на Општина Куманово и на Атлетската федерација на Македонија.

– Манифестацијата имаше натпреварувачки карактер. Учествуваа околу 200 спортисти во две категории: програма за спортисти од 6 до 15 години и програма за младинци и сениори. На масовниот спортски настан присуствуваа градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, кој се обрати пред публиката и заедно со претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска, доделија дипломи, медали и пехари на најдобрите учесници – соопштија од Општина Куманово.

ИЗДВОЕНИ