Трет случај на затруено дете во Куманово: Четиригодишно дете испило детергент

20

Уште еден случај на затруено дете во Куманово, евидентира кумановската полиција. Станува збор за четиригодишно дете, а случајот во полицијата го пријавиле од кумановската болница дека кај нив било донесено затруено четиригодишно дете од Куманово

– Детето е примено  на педијатрија. По извршениот преглед од страна на дежурниот лекар, стабилизирано е и однесено е на Клиника во Скопје. Во моментот е во стабилна состојба. Детето е затруено со консумирање на непозната течност, најверојатно детергент. По извршената детоксикација на Клиниката ќе биде пуштено дома – изјави директорот на Општата болница во Куманово, Сашо Стошевски.

Во јули, годинава имаше два случаи на затруени деца со лекови, прво едногодишно бебе од липковското село Отља, а неколку дена подоцна и десетмесечно бебе од Куманово.

 

ИЗДВОЕНИ