
Еден дел од италијанските медиуми ја пласираа и информацијата дека трофејниот стручњак, Масимилијано Алегри, може да биде предводник на Рома во новата клупска средина. Римската „волчица“ моментално е предводена од Клаудио Раниери, но искусниот стручњак веќе изјави дека на крајот од сезоната повторно ќе се пензионира.