EPA/TOLGA AKMEN

Гледајќи низ што поминаа Новак Ѓоковиќ и Феликс Оже-Алијасим во четврт-финалето на Вимблдон, но особено како не можеше да му се спротивстави српскиот тенисер на Јаник Синер по пет часа и 15 минути на теренот, Рене Стабс, тренерот на Серена Вилијамс, побара драстични промени на правилата на гренд слем турнирите.

Тренерот на Серена Вилијамс предлага да се игра супер тај-брејк до десет поени кога е резултатот 2:2 во сетови.

Мислам дека најдобро решение би било да се игра до три освоени сета, но ако е 2:2, да се одлучи победникот во тај-брејк од десет поени.

– Ако зборуваме за женскиот тенис и без навреда ниту за жените ниту за мажите, мислам дека тенисерките ќе играат уште подолги натпревари. Тие едноставно немаат толку силен сервис. Видовте и кај мажите дека сега играат долги поени, но, сепак, имаат исклучително силни сервиси и освојуваат голем број поени благодарение на почетниот удар, особено на трева. Сепак, нема постојано да гледате кратки поени, особено не на земјена подлога, каде што размените често траат 40 удари – рече Стабс во поткастот што го води.

 

 

ИЗДВОЕНИ