Тренерот на натпреварувачката во уметничко лизгање од Литванија, Меда Варјакојита, сè уште е суспендиран од Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, додека истрагата против него продолжува за „физичко и ментално злоставување“, за кое е обвинет од страна поранешниот спортист што го тренирал.
Арбитражниот суд за спорт (CAS) објави дека ја отфрлил итната жалба на тренерот Реим Рејнсал од Естонија, кој беше суспендиран од Меѓународната федерација за лизгање (ISU) во саботата. Рејнсал требаше да ја тренира Меда Варјакојите во Милано и Кортина во поединечна конкуренција.
„Привремената суспензија е на сила додека ISU го истражува случајот и додека не се донесе конечна одлука“, соопшти CAS.
Рејнсал се жалеше, тврдејќи дека суспензијата „предизвикала непоправлива штета на неговиот професионален углед и негативно влијае на спортистот што го тренира“.
CAS изјави дека привремената забрана „не подразбира претпоставка за вина, туку го штити интегритетот на спортот“.











