По подвигот во Кралскиот куп и кревањето на трофејот, кошаркарите на Басконија претрпеа срамен пораз во Евролигата, губејќи на домашен терен од Валенсија со убедливи 108:79.
По натпреварот, тренерот на Басконија, Паоло Галбиати, беше видливо лут, па не штедеше зборови.
- Би сакал да тренираме сега, но не можам. Сакам да ги убијам. Тажен сум поради лошата игра што ја одигравме. Можеби, тоа беше очекувано. Мора да растеме. Тие мора да растат како луѓе, како играчи, како професионални кошаркари. Ѝ честитам на Валенсија, одигра одличен натпревар, многу сериозно. Не бевме толку сериозни и нè здроби – рече тренерот на Басконија.
Басконија е на 18. место во Евролигата со скор 9:20, а нејзиниот следен натпревар е против Париз, на 6 март.











