Интернационалниот фестивал за класична гитара „Тремоло 2025“ го реализира своето 16. издание, од 19 до 22 мај, во организација на Детскиот културен центар „Карпош“, со поддршка на Град Скопје.
На задоволство на публиката и годинава ќе се одржат концерти, традиционален интернационален натпревар, работилници и мастер-часови за класична гитара. Фестивалот започнува на 19 мај 2025 година со концерт на Павле Филиповиќ.