Асоцијацијата „Макамтранс“ ги потсетува своите членки дека сите превозни трговски друштва што регистрирале возила во Македонија можат да побараат поврат на патната такса од Јавното претпријатие за државни патишта, доколку возилата не ги користеле редовно патиштата во земјата во 2025 година.

Правото на поврат важи за возилата што се движеле надвор од Македонија, а дел од превозниците веќе оствариле поврат од 30-40 % од уплатената такса. Изработката на потребните пресметки и барања може да се изврши преку канцелариите на „Макамтранс“ во Скопје и во Битола.

За подготвување на барањето, потребни се копии од сообраќајната дозвола, банковите изводи за уплатата на патната такса и ЦМР за 2025 година, кои го докажуваат престојот на возилото надвор од државата. ЦМР-ите треба да бидат подредени по датум и поделени по возило, со печати од испраќачот и од примачот.

Приходите од патарините во последните години бележат раст: над 46 милиони евра во 2021, над 53 милиони во 2022, околу 62 милиони во 2023, над 66,5 милиони во 2024, додека за првите девет месеци од 2025 година приходот достигнал околу 58,7 милиони евра.

Асоцијацијата ги охрабрува компаниите да ги поднесат документите што побрзо за да го остварат правото на поврат на средства за 2025 година.

 

ИЗДВОЕНИ