Transcom Macedonia го продолжува својот импресивен раст и проширување на бизнисот. Глобалната компанија, која веќе со години вработува илјадници професионалци ширум светот, доби нов клиент – што значи само едно: започнува големо вработување на говорители на германски јазик во Скопје и низ целата земја.

Овој проект носи долгорочна стабилност и бројни можности за професионален развој, а во центарот на приказната се луѓето кои ја сакаат комуникацијата, тимската работа и сакаат да бидат дел од средина која го поддржува нивниот раст.

Флексибилност и сигурност од првиот ден

Вработените во Transcom можат да изберат дали ќе работат од модерната канцеларија во Скопје или 100% од дома, уште од самиот почеток. Со тоа компанијата нуди целосна флексибилност, прилагодувајќи се на животниот стил и потребите на своите вработени.

Дополнително, сите нови членови на тимот добиваат договор на неопределено време, што е реткост на пазарот, особено во растечките индустрии на корисничка поддршка.

Привлечни бенефиции и можности за напредување

Transcom е познат по своите конкурентни услови за работа, а овој нов проект само го
потврдува тој стандард. Новите вработени можат да сметаат на:

600 € бруто бонус за добредојде на самиот почеток на работата,
одлична почетна плата со можности за бонуси,
платена обука и постојана поддршка од ментори,
работа во смени помеѓу 7:00 и 22:00, со можност за ноќна работа,
бројни можности за напредување како што проектот расте и се развива.

Особено интересна е интерната програма за препораки што ја поттикнува Transcom – вработените кои ќе препорачаат пријатели или познаници можат да остварат
дополнителни бонуси, погодности и подароци-вaучери, што уште повеќе го зајакнува тимскиот дух и чувството на заедништво во компанијата.

Култура што поттикнува раст и развој

Она што го издвојува Transcom Macedonia од другите работодавци е опуштената и
поддржувачка работна култура. Компанијата поттикнува отворена комуникација, размена на знаења и соработка меѓу колегите, создавајќи  пријатна средина во која вработените се чувствуваат ценети и мотивирани.

Како што проектот ќе расте, се очекува и отворање на нови позиции – од
специјализирани тимови до лидерски улоги – што дополнително потврдува дека станува збор за долгорочен и стабилен проект со перспектива за раст.

Со тоа, Transcom Macedonia уште еднаш го потврдува својот статус како еден од најпожелните работодавци во земјата – особено за сите кои течно зборуваат германски јазик и бараат сигурна, флексибилна и динамична кариера во меѓународно опкружување.

ПР објава

ИЗДВОЕНИ