Едно лице загина кога трамвај излета од шините во центарот на Сараево, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР) на Кантон Сараево, пренесува N1 Сараево.
„Според моменталните податоци, две лица се повредени. Обвинителот е информиран. Полициски службеници се на терен“, соопшти МВР на Кантон Сараево.
Репортерката од N1 Сараево од местото на настанот наведува дека екипи за итни случаи, пожарникари и полиција се на терен.












