Уапсен убиецот на Кирк! Трамп: Се надевам ќе добие смртна казна/ВИДЕО

97
EPA/Chris Kleponis / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди за „Фокс њуз“ дека осомничениот за убиството на Чарли Кирк е уапсен.

„Мислам дека со висок степен на сигурност го имаме во притвор“, рече тој, а пренесуваат медиумите.

Тој не сакаше да открие за кого станува збор, но потврди дека ќе има нови информации во текот на денот. Додаде дека слушнал оти осомничениот бил уапсен пет минути пред да влезе во студиото и дека некој многу близок до осомничениот ги известил властите за него.

22-годишник е убиецот на Чарли Кирк

Тој ги пофали локалните власти, велејќи дека одлично си ја завршиле работата и оти сите соработувале.

„Сè се покажа добро. Кирк беше најдобрата личност и не го заслужуваше ова“, рече тој и додаде дека се надева оти убиецот на Кирк ќе добие смртна казна.

Трамп посочи и дека Кирк бил брилијантен човек.

„Ми помогна со Тик-ток. Републиканците никогаш не ги добиваат гласовите на младите гласачи. Никогаш не сум видел млади луѓе да се собираат околу една личност како што се собираа околу Чарли“, додаде тој.

Претходно денеска, Одделот за јавна безбедност на Јута објави видео од осомничениот за убиството на најпознатиот десничарски активист во Америка, Чарли Кирк. Видеото прикажува човек како трча преку покривот на училишна зграда, а потоа во блиската шума, каде што подоцна било пронајдено оружјето употребено за убиство на Кирк.

ИЗДВОЕНИ