петок, септември 4, 2026
Дома СВЕТ Трамп ѝ порача на Европа: Време е да ја платите помошта што...

Трамп ѝ порача на Европа: Време е да ја платите помошта што САД и ја испрати на Украина

24
EPA/MAXIM SHEMETOV / POOL

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека ќе побара од европските земји да им надоместат на САД за воената помош и муницијата претходно испратени во Украина, алудирајќи дека продажбата на оружје на сојузничките земји може привремено да биде стопирана.

Трамп ги критикуваше објавите на социјалните медиуми за значително намалување на залихите на муниција во САД, кои наводно биле исцрпени за време на војната во Иран, а воедно рече дека САД го зголемуваат производството и залихите на муниција.

„Ги земаме за себе, за Соединетите Американски Држави, наместо да ги продаваме на други, но продажбата на сојузниците наскоро повторно ќе започне“, напиша Трамп, а пренесе Ројтерс.

Тој додаде дека „стотици милијарди долари се дадени на Украина и НАТО бесплатно“, додавајќи дека Европа би ги платила тие пари „само да била замолена“ и најави дека Соединетите Американски Држави, иако со задоцнување, ќе ги побараат тие пари назад.

Трамп ја обвини администрацијата на неговиот претходник, Џозеф Бајден, за таквата политика.

Соединетите Американски Држави и НАТО минатата година ја развија иницијативата „Приоритетна листа на потреби на Украина“ (PURL), според која европските земји плаќаат за купување американско оружје за Украина.

Ројтерс минатиот месец објави дека американската војска потрошила голем дел од своите залихи од прецизни ракети со долг дострел за време на војната со Иран, што предизвика загриженост за подготвеноста на американските вооружени сили за идни конфликти.

ИЗДВОЕНИ