Трамп ѝ ги укина санкциите на Сирија, одлуката ја поздравија Сирија, Турција и Саудиска Арабија

21
EPA/JIM LO SCALZO / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп денес потпиша закон со кој се укинува најновата рунда строги економски санкции врз Сирија, откако американскиот Сенат ја усвои мерката, која беше поздравена од Сирија, Турција и Саудиска Арабија.

Укинувањето на мерката, позната како „Цезарски закон“, следеше по претходното укинување на другите американски санкции.

За разлика од претходните одлуки, укинувањето на „Цезарските“ санкции бараше и одобрение од Конгресот, објаснува „Њујорк тајмс“.

ИЗДВОЕНИ