Трамп: Знаев сè за израелските напади врз Иран

192
EPA-EFE/Mohammed Badra

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за Ројтерс дека неговата администрација знаела сè за израелските воздушни напади врз Иран.

Тој откри дека САД планирале нови нуклеарни разговори со Иран за недела, но не е сигурен дали тие воопшто ќе се одржат сега.

„Се обидов да го поштедам Иран од понижување и смрт“, рече Трамп, додавајќи дека не е јасно дали Иран сè уште има активна нуклеарна програма по израелските напади.

И покрај сè, тој нагласи дека не е предоцна да се постигне договор и рече дека не е загрижен за евентуално избувнување на регионална војна.

Во разговор за NBC, Трамп претходно рече дека Иран пропуштил можност за договор, но дека може да добие уште една.

ИЗДВОЕНИ