Трамп: Зеленски да се собере, време е за претседателски избори во Украина

147
EPA/Chris J. Ratcliffe / POOL

Дојде време за одржување претседателски избори во Украина, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, пренесуваат медиумите.

Трамп рече дека Русија има посилна преговарачка позиција од Украина.

„Нема сомнение за тоа“, нагласи тој.

Тој рече дека е време Зеленски да се собере и да почне да прифаќа предлози.

Европа, додаде американскиот лидер, не успева да се справи со конфликтот во Украина.

Како што истакна, многу европски земји наскоро ќе станат неодржливи поради „катастрофалните“ миграциски политики.

ИЗДВОЕНИ